Showing posts with label Етапи. Show all posts
Showing posts with label Етапи. Show all posts

Monday, June 22, 2009

ГАЛИЧИЦА 2009



Планинска велосипедска трка низ Македонија „Сончев Круг“, во соработка со Националниот Парк Галичица и Планинско-друмски велосипедски клуб Екодром од Охрид, на 28.06.2009, ќе го организираат вториот планински велосипедски маратон Галичица 2009.
Пријавувањето за овој маратон можете да го направите со испраќање порака на следнава електронска адреса: soncev_krug@rocketmail.com или подетални информации можете да добиете на следните телефони 5112 900 или 077 848 393.

Цената за учество на маратонот е 650 денари за превоз на учесниците и велосипедите и 50 денари стартнина.

Патеката е со средно ниво на тежина, односно нешто потешка од Водно. Должината на патеката изнесува 55 км. Старот е на Билјанини Извори (кај бензиската пумпа) во 9.30. Се вози по веќе трасираната патека до месноста наречена Два Јавори и оттаму назад по патеката. Заради популаризација на спортот, годинава организаторот реши целта да биде на плоштадот на пристаниште каде ќе се пристигнува од кај Билјанини извори покрај брегот.


* * *
РЕДОСЛЕД НА АКТИВНОСТИ

- Пријавувањето за учество на маратонот е до 27.06.2009 (сабота) во 21.00 часот, притоа во пријавите се наведува од каде ќе се поаѓа (Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево0, дали се пристигнува од друг град во државата или ќе се дојде на стартот.
- 28.06.2009 (недела)- 5.00 - 5.30 часот - товарење на велосипедите во транспортно возило, сместување во автобус и заминување на пат.
- Доколку има пријавено учесници од градовите на патот за Охрид се застанува за нивно преземање.
- 9.00 - Пристигнување во Охрид
- 9.30 - Старт на маратонот
- 14.00 - 16.00 - Пристигнување на учесниците на маратонот на целта на Плоштадот во Охрид, кај пристаниште.
- до 17.30 - одмор на велосипедистите и извлекување на среќен учесник со награда обезбедена од Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.
- 18.00 - Поаѓање за Скопје.
* * *

ШАРСКИ ВОДИ СЕ ЕТАБЛИРА КАКО НАЈГОЛЕМА СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНА АКТИВНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Спортско – рекреативниот планински велосипедски маратон Шарски води, кој претставува етапа од Проектот Планинска велосипедска трка низ Македонија Сончев Круг, вчера потврди дека е најголемата спортско рекреативна манифестација во велосипедизмот во Македонија. Вчера на падините на Шар планина, се собраа над 300 велосипедисти во планински велосипедизам од целата држава.

Планинскиот велосипедски маратон Шарски Води 2009, стартуваше во 7.30, од кај Планинарскиот дом Смреки, а целта беше кај детското одмаралиште Бунец, кај Мавровско езеро. Вкупната должина од 92 км., во машка конкуренција прв ја мина Горан Стефановски, а зад него беа Александар Сиљановски и Димитри Димитров, а во женска конкуренција прва беше Челана Димитриевиќ, втора на целта пристигна Елизабета Пољоска, а трета Биљана Митроска. Маратонот помина во најдобар ред со мали технички проблеми на велосипедистите, кои беа разрешувани на самата патека и сите пристигнаа на целта.

Општ впечаток на учесниците во маратонот беше дека Планинскиот велосипедизам, а особено етапата Шарски Води од година во година прераснува во престижна манифестација, со се поголем број на учесници (во 2007 имаше 105 велосипедисти, 2008 -157 велосипедисти). Карактеристично за маратонот беше што сите велосипедисти беа полни со спортски ентузијазам и фанатизам, желни да ја извозат патеката во целост, затоа и последните учесници пристигнуваа околу 18.00 часот попладнето со три до четири часа задоцнување зад прво пристигнатите.

Организаторот од иницијативниот одбор на Сончев Круг, најавува дека следната година на патеката Шарски Води ќе возат и учесници од странство, а исто така најавуваат и дека на 28 јуни годинава, на Галичица ќе се вози вториот планински рекреативен велосипедски маратон Галичица 2009.